More

    Русија најави санкции за ЕУ

    spot_img

    Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека сите оние кои испорачале смртоносно оружје во Украина ќе одговараат доколку се употреби за време на руската воена операција во земјата.

    Министерството додаде дека чекорите што ги презема Европската унија против Русија нема да останат без одговор.

    Речиси сите европски земји најавија помош за Украина во оружје. Последната помош, по неутралната Финска, синоќа ја соопшти Норвешка, која уште од 1950 година се придржува до политиката да не испорачува оружје на земји кои не се членки на НАТО, се наоѓаат во војна или се загрозени од вооружени конфликти.

    Норвешка ќе донира до 2.000 фрлачи на противтенковски ракети М72, се наведува во соопштението на владата.

    -Норвешка има строга политика во однос на извозот на воена опрема, но Украина сега се соочува со вонредни околности – изјави премиерот Јонас Гар Стоере.

    И Австралија ќе донира 50 милиони долари за воена поддршка на Украина.

    Австралискиот премиерот Скот Морисон во вторникот рече дека парите се наменети за воена и невоена помош.

    – Зборуваме за проектили, муниција, зборуваме за поддршка во одбраната на сопствената татковина на Украина – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img