More

    Русите денеска повторно ја нападнале челичарата „Азовстал“ во која се сместени околу 2.500 борци и 1.000 цивили

    spot_img

    Русите денеска повторно ја нападнале челичарата „Азовстал“ во која се сместени околу 2.500 борци и 1.000 цивили, изјави Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на Мариупол. Според него, последниот обид да се извлечат луѓето не успеа, пишува Гардијан, а договорот за зелен коридор бил стапица.

    Руските сили пукале со својата артилерија на излезната зона само неколку моменти откако преку звучници објавиле дека е отворен зелен коридор, вели Андриушченко. Тој изјави дека во изминатите 24 часа имало 35 воздушни напади врз фабриката, при што еден напад предизвикал пожар во една од работилниците каде што се криеле цивили, оставајќи некои под урнатините.

    Минатата недела Путин им нареди на своите војници да не напаѓаат во челичарницата, туку да ја опколат за „да не пројде ни мува“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img