More

    Рударството бележи најголем пораст

    spot_img

    Индустриското производство во март е зголемено за 3,2 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

    Пораст е забележан во секторот „рударство и вадење на камен“ за 9,7 отсто, во секторот „снадбување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 8,7 отсто и во секторот „преработувачка индустрија“ за 2,1 отсто.

    Според главните индустриски групи, производството во март бележи пораст кај „енергијата“ за 9,7 отсто, „интермедијарните производи, освен енергијата“ за 3,6 отсто, „капиталните производи“ за 1,9 отсто, „трајните производи за широка потрошувачка“ за 33,2 отсто и „нетрајните производи за широка потрошувачка“ за 0,9 отсто.

    Зголемување на индустриското производство од 3,5 отсто е забележано и во периодот јануари – март во споредба со истиот период лани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img