More

    Ристовска со благодарност до РФМ за можноста Македонија да настапи на ЕП

    spot_img

    Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, денес на прес-конференција, рече дека е чест да се биде организатор на сениорското Европско првенство, додека македонската ракометарка Сара Ристовска се заблагодари до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) затоа што овозможиле настап на Европско првенство (ЕП).

    – Во периодот од 4 до 20 ноември годинава се одржува Европското првенство за ракометарки во Словенија, Македонија и Црна Гора. За нас е голем предизвик задоволство и чест што можеме да бидеме организатори на најголемиот спортски настан кој се случува во Македонија. Се координираме со Словенија и Црна Гора и ЕХФ, сите заедно ден за ден работиме околу плановите и активностите. Ова е коорганизација на три држави, и од тој аспект има доста работи кои треба да се синхрозирираат за се да помине во најдобар ред – рече првиот човек на федерацијата.

    Мукаетов се заблагодари до Владата која се зафати да ги досреди со одредени градежни работи сите работи во салата „Борис Трајковски“ кои треба да се корегираат.

    – Треба да се покажеме сме подготвени да организираме врвен настап на високо ниво. Очекуваме во Скопје да дојдат околу 40 службени лица од ЕХФ. Апелирам до нашите навивачи да дојдат во што поголем број и да им дадеме поддршка на нашите репрезентативки – истакна Мукаетов.

    Ристовска вели дека е мотивирана затоа што натпреварите ќе се играат пред домашната публика, а ова треба да биде и поттик за развој на македонскиот ракомет во иднина.

    – Јас сум дел од репрезентацијата 10 години, игравме претквалификации и квалификации, но никогаш не сме биле на првенство. Големо благодарам до РФМ што ни овозможи и го прифати предизвикот да бидеме дел од ЕП. Имаме подмладување во репрезентацијата и сега е многу полесно затоа што со Савевски сите кадетки, се дел од сениорите и се гледа голем напредок, бидејќи ние се собираме на два месеци и можам да кажем дека има напредок, се надевам ќе се покаже на првенството – кажа Ристовска.

    Ристовска вели дека оваа генерација има талентирани ракометарки, кои може да бидат успешна генерација како таа на поранешната голманка Гордана Нацева.

    – Ова треба да претставува голем развој во македонскиот ракомет, затоа што првенството е дома и голема мотивација пред домашната публеика. Треба да биде развој за македонскиот ракомет во иднина. Има доста талентирани ракометарки и мислам дека ова наша генарација ќе биде успешна како онаа на Нацева и ќе направиме некаков успех. Имам апел да нема притисок од новинарите, бидејќи ова е наше прво првенство и тоа дома. Никогаш не давам одговори дали ќе победиме со Франција, Холандија или Романија. Само работиме, имаме разбирање меѓу себе, дисциплина, без притисок, да не бодрите и да бидете наш осми играчи и верувам дека ќе имаме голем успех – кажа ракометарката.

    Гордана Нацева, амбасадорот на Европското првенство 2022, сака ова големо натпреварување да се искористи во насока на на зголемување на бројот на младите кои се бават со спорт.

    – Благодарност за довербата што ми ја дадовте да бидам амбасадор на ЕП, ми претставува чест, задоволство и одговорност да бидам дел од организацијата. Ќе се обидам што подобро да го промовираме ова првенство. Чувствувам голем предизвик, ако не и и ист како кога бев дел од репрезентацијата на Македонија. Секогаш сум сакала достоинствено да ја претставам својата држава, да бидеме модели и примери за младите генерации.

    Спортот е борба по резултат, но спортот значи и претставување на државата, културата, гостопримството, на нашите убави работи со кои можеме да се претставиме и да се гордееме. Да ја претставиме државата во најдобро светло. Посебно моја заложба е да допреме до секое девојче кое сака да се бави со спорт, треба да ја подигнеме свеста на сите млади да спортуваат. Да се потрудиме сите заеднички, овој момент да го искористиме за промовирање на таа идеја. Сметам дека ќе бидеме добри домаќини, а ракометот ќе го задржи приматот на најдобар спорт кај нас, изјави Нацева.

    Таа на македонските ракометарки им порача да дадат се од себе и дека да се игра дома на едно големо натпреварување е најголема мотивација за постигнување добри резултати.

    Македонската репрезентација на Европското првенство ќе игра во група со Франција, Холандија и Романија.

    Во групната фаза домаќини ќе бидат Скопје, Подгорица, Љубљана и Целје, втората фаза продолжува во Скопје и Љубљана. Финалниот турнир е во словенечката престолнина Љубљана од 17 до 20 ноември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img