More

    Реј Лиота, ѕвездата на „Добри момци“ и „Поле на соништата“, почина на 67-годишна возраст

    spot_img

    Реј Лиота, ѕвездата на „Добри момци“ и „Поле на соништата“, почина на 67-годишна возраст.

    Според неговиот претставник, кој ја потврди веста, актерот починал во сон во Доминиканската Република додека го снимал својот најнов филм „Опасни води“ заедно со Сафрон Бероуз.

    Лиота направи пробив во својата кариера со улогата во крими-класикот „Добри момци“ на Мартин Скорсезе, а значајни улоги оствари и во филмовите „Брачна приказна“, „Мафијашките светци на Њуарк“, „Поле на соништата“, „Земја на полицајци“, „Бела прашина“…

    „Ако имате еден филм што луѓето го паметат, тоа е одлично. Ако имате два, тоа е фантастично“, рече тој во 2021 година за неговата поврзаност со гангстерската драма „Добри момци“, каде што го играше мафијашот Хенри Хил, заедно со Роберт де Ниро и Џо Пеши. Филмот се смета за еден од најдобрите филмови на 20 век.

    Лиота е роден во Њу Џерси и е напуштен во сиропиталиште пред да биде посвоен на шест месеци.

    – Отпрвин не разбрав како родителот може да се откаже од дете. Значи, имав таква енергија да бидам таков, тоа е заебано. И потоа, кога конечно ја запознав мајка ми во четириесеттите години, дотогаш веќе не бев толку лут поради тоа. Тоа е само уште едно патување – рече тој за магазинот Пипл.

    Причината за смртта сѐ уште не е позната, но како што е потврдено за „ТМЗ“, нема ништо сомнително, ниту сомнеж за убиство или самоубиство. Со него на островот била и неговата свршеница Џеси Нитоло.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img