More

    Ретка глетка: пустината во Алжир беше покриена со снежна покривка

    spot_img

    Некои пустински области на северозападот на Алжир беа покриени со снежна покривка, што ги изненади локалното население, бидејќи не се навикнати на такви зимски услови.

    Алжирскиот регион Бечар, со истоимениот главен град, е познат пред се по својот жолт песок, кој се протега до каде што може да се види окото. Во последните денови жителите на алжирската провинција на социјалните мрежи споделуваат фотографии од пустинскиот под покриен со снежна покривка.

    Сцените се сосема невообичаени, а локалните медиуми јавуваат дека последен пат во регионот, кој се наоѓа долж границата меѓу Алжир и Мароко, паднал снег во 2012 година.

    Според алжирската метеоролошка служба, снежни врнежи се очекуваат и во други пустински области, особено во провинцијата Гардаја на југот на земјата.

    Од почетокот на календарската зима, северните региони на Алжир се под бурен бран студен воздух, додека многу урбани и рурални патишта се затворени поради снежните врнежи. Земјава веќе три години се соочува со суша, која предизвика сериозен пад на водостоите на подземните води и реките, па мештаните се радуваат на секој дожд и од аспект на ублажување на овој еколошки предизвик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img