More

    Регистрирани се 32 нови случаи на ковид-19

    spot_img

    Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на ковид-19.

    Најмногу позитивни тестови се добиени во Скопје, каде се регистрирани вкупно 28 новозаразени, додека во Битола, Куманово, Прилеп и во Велес е откриен само по 1 нов случај.
    Од вкупниот број на позитивни, кај тројца се констатирани реинфекции. Регистрирани сe и 12 оздравени пациенти.

    Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, исто така не е пријавен смртен случај.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.048.535 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.484, бројот на оздравени пациенти е 301.651, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 533.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img