More

    Реакција за вчерашниот ЦО на НСДП, Кристијан Трајковски

    spot_img

    Вчера (14.05.2022), Централниот одбор на НСДП донесе разочарувачка и недемократска одлука да се отфрли мојата уредно поднесена кандидатура и програма. Одлуката да се има само еден кандидат, при повеќе поднесени кандидатури, е ништо повеќе од кукавички чин за бегање од демократските вредности на кои нашата партија е изградена.

    Дополнително, одлуката е спротивна на Правилникот за организација на Петтиот конгрес на НСДП и ги спречува речиси петстотините делегати да не можат слободно, фер и демократски да го изберат следниот претседател на НСДП.

    Единствениот кандидат и неговото тесно мнозинство во Централниот одбор, одбија да дозволат демократски натпревар на идеи и политики, бидејќи се плашат од гласот на членството и отворената демократијата.

    Јас не се откажувам од мојата заложба и уверување дека демократијата и демократските вредности се пред сè и над сè. Не се откажувам од мојата прогресивна визија дека нашата НСДП ќе биде обединета и гласна партија, каде слободата и слободната мисла ќе победат. Само така притисоците, заканите и носењето одлуки од една многу мала, но многу привилегирана група луѓе ќе бидат сеќавање од минатото. Луѓе кои се однесуваат како функциите да се нивно родено право, а не голема обврска и одговорност делегирана од целото членство пред кое тие се должни да поднесат отчет.

    На претстојниот конгрес на 4 јуни, ќе го искористам моето право да се кандидирам на самиот Конгрес и таму ќе ја побарам поддршката на членството и делегатите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img