More

    Реакции на ЗНМ и АВМУ за етикетирањето на Телма и Алфа од страна на Али Ахмети

    spot_img

    Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Здружението на новинарите на Македонија најостро ја осудуваат вчерашната изјава на претседателот на ДУИ Али Ахмети со која тој ги етикетираше телевизиите Телма и Алфа како непријатели на Албанците.

    ЗНМ потсетува дека Ахмети на партиска трибина во Гостивар, во обид да изрази незадоволство за медиумското известување во врска со партиските активности, јавно кажа дека овие две телевизии се „непријателски“.

    – Оваа скандалозна изјава е штетна и може да ја загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници, а со тоа да се поттикне цензура во поширок контекст. Изјавата е посебно проблематична што доаѓа од претседател на политичка партија која е дел од власта и истата може да стимулира напади и закани врз медиумите и новинарите од страна на партиските припадници, а тоа може да повлече многу негативни последици на слободата на изразување.

    Сметаме дека јавните функционери, а особено лидерите на политичките партии, треба да се воздржат од изјави кои што етикетираат медиуми, бидејќи тоа е во спротивност со европските вредности кои самите политичари се обидуваат да ги промовираат пред граѓаните – се вели во соопштението на ЗНМ.

    АВМУ потсетува дека јавните личности, а особено претседателите на политичките партии, треба да бидат свесни дека слободата на изразување подразбира и одговорност.

    Агенцијата потсетува дека е неопходно да се почитуваат европските стандарди и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со којшто се дискредитираат медиумите и се потикнува меѓуетничка нетолеранција и нетрпеливост. На овој начин се поткопуваат евроинтеграциските процеси, наместо да се придонесува за демократскиот развој на државата – укажува Агенцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img