More

    Путин и Зеленски се бакнуваат на постер на билборд поставен во Торино кој ја најавува Парадата на гордоста во градот

    spot_img

    Путин и Зеленски се бакнуваат на постер на билборд поставен во Торино кој ја најавува Парадата на гордоста во градот која треба утре, на 18 јуни, да се одржи. Истиот уметник кој го направил постерот претходно закачил слика на Путин претставен како нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, јавува Њузвик.

    На врвот на постерот уметникот познат како „Андреа Вила“ напишал, Гордост и љубов, со знакот за хаштаг. Тој за Њузви изјавил дека постерот е инспириран од графит на Берлинскиот ѕид, кој ги покажува Леонид Брежњев и Ерих Хонекер кој некогаш го направил рускиот сликар Дмитриј Врубел.

    Додека братскиот бакнеж на сликата на Врубел ја претставува „цврстината на врската помеѓу“ Советскиот Сојуз и Источна Германија, вели Вила, урнатиот Берлински ѕид ја разоткри противречноста на еден „очигледно неуспешен експеримент“. Вила рече дека има „паралела со истата утопија на европскиот мир, која сега исто така исчезна“ поради руско-украинската војна.

    фото: твитер/принтскрин

    – Сакав да ја претставам гордоста (гордоста) на Русија, земја која никогаш не познавала вистинска демократија затоа што е премногу исплашена да не ја загуби улогата на светска сила – рече Вила за својот плакат на кој се прикажани Путин и Зеленски.

    – И (сакав да ја претставам) надежта (љубовта) дека двете држави (Русија и Украина) можат да го надоместат ова и да стават крај на конфликтот – додва тој.

    Италијанскиот печат ја нарече Вила „Торино Бенкси“, според познатиот концептуален уметник Бенкси кој исто така коментира светски настани во неговите дела. Додека никој не знае кој е Бенкси, за „Андреа Вила“ се знае дека користи маска кога се појавува во јавноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img