More

    Путин започнува голема воена вежба

    spot_img

    Русија денеска почнува големи воени маневри „Восток 2022“, со учество на над 50.000 војници, додека војната со соседна Украина продолжува, јави ДПА.

    Предвидено е вежбата да трае речиси една недела и ќе се спроведува на истокот од земјата, илјадници километри од борбените линии во Украина.

    Руското Министерство за одбрана појасни дека меѓу земјите учеснички се Кина, Индија, Монголија, заедно со дел поранешни советски републики, вклучувајќи ја руската сојузничка Белорусија.

    Како што информираше Москва, во „Восток 2022“ ќе учествуваат 5.000 воени возила, 140 авиони, 60 воени бродови и други распоредени бродови.

    Маневрите се одржуваат во источен Сибир, далечниот исток на Русија и во Јапонското Море.

    Индија продолжи да ја истакнува својата неутралност во ставот за војната во Украина од руската инвазија. Земјата тврди дека одржува добри односи и со западните земји и со Москва, додава ДПА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img