More

    Пукотници на границата со Србија

    spot_img

    Косовската полиција е нападната денеска на пладне со огнено оружје додека пуштала патролен чамец во езерото Газивода (Ујман) на границата со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Според полициското соопштение, имало околу десет истрели од огнено оружје, при што нема повредени полицајци или други лица.

    „Пукотниците беа една по друга, дојдоа од другата страна на езерото и куршумите паднаа во близина на полицискиот чамец“, се наведува во соопштението на единицата на Полициската станица за надзор на границата.

    Веднаш по инцидентот, на местото на настанот пристигнала Единицата за брза интервенција на граничната полиција, а моментно продолжува надзорот на терернот и истрагата за случајот.

    „Косовската полиција останува посветена на пружањето безбедност за граѓаните и на борбата против криминалот, посебно во сузбивањето на нелегалната трговија во таа област“, се вели во соопштението.

    Нападите врз полицијата во северно Косово, во близина на границата со Србија, зачестија во последните неколку месеци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img