More

    Протестираа работниците од кочанската подружница на Водостопанство

    spot_img

    Вработени во водостопанската подружница „Брегалница” од Кочани повторно протестираа поради доцнењето на платите за последните четири месеци.

    Организираа мирен собир пред влезот на подружницата, при што истакнаа дека и покрај реакциите до дирекцијата на АД Водостопанство во Скопје, досега не добиле повратен одговор дали и кога ќе го добијат надоместокот што законски им следува.

    -Доцнат платите за над 500 вработени во сите подружници на АД Водостопанство, за една недела ќе доспее и четвртата плата за месец септември. Тоа се случува во услови на тешка економска криза, не можеме да ги сервисираме сите обврски што ги имаме, тешко е да се издржат давачките за струја, вода и другите трошоци за нашите семејства. Состојбата е загрижувачка и бараме итна реакција на одговорните во дирекцијата во Скопје – истакна Стефанка Димитрова, вработена во водостопанската подружница „Брегалница”.

    За состојбата со неисплатените плати реагирала и синдикалната организација во водостопанската подружница во Кочани, која е една од најуспешните во АД Водостопанство. Нејзините членови бараат итна исплата на заостанатите плати, за да не се доведе во прашање натамошното функционирање на претпријатието.

    Вработените имаат сознанија дека во дирекцијата АД Водостопанство веќе се преземаат почетни активности, во согласност со законските одредби, за структурно решавање на состојбите. Со тоа би се постигнала не само редовна исплата на платите, туку и надминување на другите проблеми во функционирањето на подолг рок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img