More

    Пропаднаа апокалиптичните сценарија на Мицкоски

    spot_img

    Прв пат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и произведуваат енергија, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

    „Енергетските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, обезбедена е ценовната стабилност кај електричната енергија, сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата. Најголемиот производител на електрична енергија, РЕК Битола, работи со полн капацитет, со сите три блока. Во една од најпредизвикувачките зими за светот, електрична енергија во државата има и ќе има, без рестрикции“, изјави тој.

    Цената на електричната енергија не се зголемува, со што пропаднаа апокалиптичните сценарија на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, вели пратеникот и додава:

    „ЕСМ обезбедува струја за 100 проценти од домаќинствата во нашата држава, како и евтина електрична енергија за училиштата, прехранбената и месната индустрија, јавните комунални претпријатија, болниците. Освен што се задоволуваат 100 отсто од потребите, вчера повторно е извршен и извоз на електрична енергија од домашно производство. Намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар што значи дека македонската економија ќе биде заштитена. Граѓаните може да бидат спокојни – 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија“.

    СДСМ со одговорни политики, чесна и посветена работа ги заштити фирмите и граѓаните од ценовен шок. Електрична енергија од домашни извори има доволно, енергетскиот систем на државата е стабилен и во полн капацитет, тврди Костовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img