More

    Пронајдено телото на кумановецот што со возило излета во Вардар

    spot_img

    Градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдиу преку социјалните мрежи објави дека утринава во реката Вардар е најдено телото на 22-годишниот Ердон Рамадани од Куманово, кој на 27 септември со автомобилот излета од автопатот Тетово-Скопје и од мост кај селото Желино падна во реката Вардар.

    – По наоѓање на телото, извршена е идентификација од најблиските членови на семејството на Е.Р. . Извршен е преглед од лекар од Судска медицина, додека Јавен обвинител наредил обдукција на телото –  информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

    По петдневна потрага телото беше најдено од полицајци од СВР Тетово во водите на реката Вардар кај бетонски мост во близина на касарната Еребино.

    Изминативе денови претставници на повеќе институции учествуваа во потрагата по младиот кумановец, а беа вклучени нуркачи и кучињa трагачи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img