More

    Продолжуваат нападите врз источна Украина

    spot_img

    Гранатирањето на градот Попасна во источниот украински регион Луганск продолжува, соопшти украинската војска во извештајот во четвртокот наутро.

    Ова е дел од плановите на Русија да ја продолжи офанзивата врз градовите Рубижне и Нижни, северно и јужно од градот Северодонецк во областа Луганск, соопшти украинскиот Генералштаб.

    Главниот штаб наведува дека во Новотошкивск, исто така во областа Луганск, руските војници „неуспешно“ се обиделе да ги пробијат украинските одбранбени линии.
    Насилството врз цивилите беше извршено во областите окупирани од руските сили, а руските трупи извршија „присилно преместување“ на населението од Мариупол во делови од руската окупирана област Доњецк, се вели во извештајот.

    Оваа информација не можеше да се потврди независно.

    Во меѓувреме, градоначалникот на Харков одговори на повиците на вицепремиерката Ирина Верешчук жителите на источна Украина да бегаат пред очекуваната нова руска офанзива.

    Ихор Терехов рече дека во овој момент ниту тој ниту војската не размислуваат за потребата од масовна евакуација од вториот по големина град во земјата, туку дека повикот за евакуација се однесува на областите Лосова и Барвинкова во регионот Хархив. Областите се јужно од Харков во близина на Донбас.

    Самиот град Харков е добро опремен и подготвен за одбрана, рече тој, додавајќи дека секој поединец треба да одлучи дали ќе го напушти со оглед на тековното гранатирање.

    Харков пред војната имал околу 1,5 милиони жители.

    Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Таа се соочува со силен украински отпор и сега ги преместува своите трупи на истокот на земјата бидејќи изгледа дека се подготвува за нова офанзива.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img