More

    Продолжението на блокбастерот на Џејмс Камерон, „Аватар: Патека на водата“ заработил 1,7 милијарди долари на глобално ниво

    spot_img

    Продолжението на блокбастерот на Џејмс Камерон, „Аватар: Патека на водата“ заработил 1,7 милијарди долари на глобално ниво и со тоа го надмина „Jurassic World“ (1,6 милијарди), како седми филм со најголема заработка во историјата.

    Долгоочекуваниот филм на Џејмс Камерон „Аватар: Патека на водата“ (Avatar: The Way Of Water), првото продолжение на со Оскар наградениот кино хит „Аватар“, веќе четири недели е на врвот на листата на филмови со најголема заработка на сите времиња. Во моментот е на седмото место, а наскоро би можел да се искачи и на првото, вели Rotten Tomatoes.

    „Аватар: Патот на водата“, во режија на Џејмс Камерон, продолжува да води во светскиот филмски врв. Новиот блокбастер веќе четири недели е на првото место на филмовите со најголема заработка и би можел да достигне рекордна седма недела. Овој викенд донесе 45 милиони долари, што е втор најдобар викенд со ваква заработка на сите времиња, сепак на прво место и понатаму е „Аватар“ од 2009 година.

    Инаку, само 24 дена по премиерата, продолжението на филмот „Аватар“ заработи вкупно 516 милиони долари, а таа бројка продолжува да расте.

    Ги надмина хитовите како „Одмаздници“ на Марвел, „Кралот на лавовите“ од 2019 година и „Џурасик парк“.

    Врз основа на продажбата на кино билети ширум светот, „Avatar 2“ е филм со најголема заработка во 2022 година, како и втор најпрофитабилен филм во ерата на пандемијата, по „Spider-Man: No Way Home“ од 2021 година (1,91 милијарди долари).

    Со оваа брзина, „Avatar 2“ има шанси да надмине 2 милијарди долари заработка низ светот.

    Единствените 5 филмови во историјата кои ја надминаа границата од 2 милијарди долари се „Avatar“ (2,9 милијарди долари), „Avengers: Endgame“ (2,79 милијарди долари), „Titanic“ (2,2 милијарди долари), „Star Wars: The Force Awakens“ (2,069 милијарди долари) и „Avengers: Infinity War“ (2,04 милијарди долари).

    Џејмс Камерон е режисер на 2 од овие 5 филма.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img