More

    Принцот Хари призна кои сѐ опојни супстанции ги консумирал

    spot_img

    Во јавноста не престануваат да излегуваат детали од книгата „Резервa“ (Spare) на принцот Хари, која официјално беше објавена на 10 јануари.

    Во мемоарите тој откри шокантни детали за односите меѓу членовите на кралското семејство. Јавноста има можност да дознае некои приказни кои никого не оставија рамнодушен.

    Така протекоа деталите за расправијата на Хари со неговиот брат Вилијам, кој го соборил на подот за време на конфликтот, како и за кавгата што следела меѓу Вилијам и сопругата на Хари, Меган, кога дошле на гости да се помират и да ги решат несогласувањата.

    Сензационалното признание дека неколкупати користел кокаин го потресе кралското семејство и целиот свет. Принцот Хари, исто така, признава дека пушел канабис во Итон и експериментирал со магични печурки.

    „Секако дека земав кокаин во тоа време. Во нечија селска куќа на викенд за лов, ми понудија линија, и оттогаш земав уште неколкупати. Не беше многу забавно и не ме усреќи нешто посебно, како што ми изгледаше сѐ околу мене. Но, тоа ме натера да се чувствувам поинаку, а тоа беше главната цел. Да се чувствува. Нешто поинакво. Бев длабоко несреќен 17-годишник подготвен да проба речиси сѐ за да го промени статус кво. Така себеси си реков“, напишал принцот Хари во својата автобиографија.

    Тој продолжил да ги опишува своите искуства под влијание на магичните печурки. Хари опишал како неговите пријатели отишле до фрижидерот за да земат пијалаци, пишувајќи: „Додека вратата беше отворена, забележавме огромна кутија чоколади со црн дијамантски печурки. Некој зад мене рече дека тие се за сите. Послужете се, момци. Мојот другар и јас зграпчивме неколку, ги проголтавме со текила. Но тоа набрзо се претвори во кошмар кога почнав да халуцинирам во бањата“, напишал Хари и додал:

    – Бев во бањата и имаше сребрена канта за отпадоци со педала за отворање. Ја погледнав и таа зјапаше во мене. Се претвори во огромна глава. Згазнав на педалата, а нејзината уста се отвори. Набргу и тоалетната школка се претвори во глава – напишал младиот принц во неверојатните мемоари, во чии делови увид имал и британскиот портал „Дејли мејл“.

    Принцот од Велс, Вилијам и кралот Чарлс молчат и не коментираат за мемоарите, но нивните помошници велат дека се длабоко „тажни“ поради нападот. Насловот на книгата на принцот Хари е всушност неговата титула „резервен принц“ – за разлика од неговиот брат принцот Вилијам, кој го носи прекарот „наследник“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img