More

    Приведен е осомничен за кршењето на паркираните автомобили кај „Буњаковец“

    spot_img

    Полициски службеници денеска го привеле С.А.(48) од Скопје, постапувајќи по пријави од граѓани, според кои во катната гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар, било извршено оштетување на нивните патнички возила, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

    – Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на местото на настанот и по преземени мерки било констатирано дека станува збор за оштетување на 18 патнички возила коишто биле паркирани во катната гаража. Извршен бил увид од страна на увидна екипа, а по дополнителни мерки утврден е сторителот кој ги извршил оштетувањата, кој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор – објавија од МВР.

    За случајот е известен Јавен обвинител по чии насоки делото е класифицирано по чл.243 од Кривичниот законик и се гони по приватна тужба, а од страна на МВР посочија дека ќе се преземат сите неопходни активности за документирање на делото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img