More

    Претставниците на Италија на Евровизија како од мајка родени

    spot_img

    Пејачите Махмуд и Бланко, кои годинава ќе ја претставуваат Италија на Евровизија, позираа за новата насловна страница на италијанскиот „Венити фер“. Тие позираа целосно голи, покривајќи ги со рацете најинтимните делови од телото.

    Махмуд и Бланко споделија фотографија од насловната страница на списанието на Инстаграм, а нивната објава собра 350.000 лајкови за помалку од еден час.

    Потсетуваме, италијански пејачи победија на 72. издание на култниот италијански музички натпревар „Санремо“ со песната „Бривиди“.

    Песната „Бривиди“ веднаш стана фаворит на обложувалниците за уште една, последователна победа на Италија на Евровизија.

    Набргу по објавувањето, Махмуд и Бланко на прес-конференција потврдија дека ќе ги бранат боите на Италија на овогодинешниот Евросонг во Торино, каде што во мај ќе се одржи Евровизија, благодарение на победата на „Манескин“ минатата година.

    Махмуд веќе им е познат на евровизиските фанови. Имено, тој ја претставуваше Италија на Евровизија во 2019 година со песната „Солди“, кога го освои второто место.

    ФОТО: Инстаграм/Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img