More

    Прес-конференција Пендаровски-Матарела: Италијанска поддршка на политиката на проширување на ЕУ и за македонските евроинтеграции

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

    Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата, се одржа и пленарен состанок на официјалните делегации на Северна Македонија и Италија, по што претседателите Пендаровски и Матарела одржаа заедничка прес-конференција која започна со едноминутен молк по повод смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II.

    Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на претседателот Пендаровски, а од линковите во продолжение можете да преземете видео-материјал:

    Изјава на претседателот Пендаровски: https://youtu.be/nZ-pUdtu1dA

    Прес-конференција: https://youtu.be/AhGoip_Oitg

    „Почитуван претседателe Матарела,

    Почитувани претставници на медиумите,

    Почитувани граѓани,

    Денес имам голема чест, ден по празнувањето на Денот на независноста 8 Септември да бидам домаќин на мојот драг колега, претседателот на Италијанската Република, г. Серџо Матарела.

    Навистина сум среќен што претседателот Матарела го исполни ветувањето дадено при нашата последна средба во Рим минатата година и успеа да ја реализира оваа значајна возвратна посета на Северна Македонија, што се случува по речиси 23 години од последната посета на еден италијански претседател на нашата држава.

    Преку ваквите конструктивни средби, какви што се секогаш состаноците со мојот драг колега, се создава нов, подобар амбиент за развој на македонско-италијанските релации, кои со години се пријателски и цврсти.

    На средбата разговаравме за актуелните теми од билатералните односи и состојбите во регионот на Западниот Балкан, европските интеграции, безбедносните прашања и модалитетите за справување со последиците од економско-енергетските кризи со кои се соочува светот.

    Во контекст на билатералните односи, констатиравме дека економската, парламентарната и секторската соработка се развиваат по нагорна линија, за што искажавме подготвеност за нивно натамошно продлабочување.

    Една од клучните теми, кои ги дискутиравме беше нашиот евроинтегративен процес. Сакам јавно да и се заблагодарам на Италија за поддршката на политиката на проширување на ЕУ и неспорната поддршка за нас во тој контекст.Имајќи предвид дека во претстојниот период нѐ чека напорна работа и вложување на сите национални капацитети, искуствата кои Италија е подготвена да ги сподели со нас, ќе ни бидат навистина корисни.

    За време на разговорите, потенцирав дека Северна Македонија останува кредибилен партнер на Унијата во справување со актуелните геополитички и безбедносни предизвици, за што зборува и фактот за нашето 100 процентно уогласување со заедничката европска безбедносна и одбранбена политика на Унијата. Како сојузници во НАТО, со претседателот Матарела, разменивме мислења и информации за војната во Украина и го реафирмиравме повикот за итно запирање на руската агресија врз една суверена држава.

    Зборувавме и за актуелната политичка ситуација и отворените прашања на Западниот Балкан. Во овој контекст, побарав поддршка од претседателот Матарела во справување со последиците од енергетската криза, односно, да ни биде овозможен пристап до механизмите и инструментите на Унијата за ублажување на негативниот ефект од енергетската криза врз нашите држави.

    Да сумирам, ова беше значајна средба како што и приличи на две пријателски држави. Ова нека биде и повод за заедничко прославување догодина на 30. годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две земји што ќе биде уште една можност за зајакнување на македонско-италијанското пријателство.

    Presidente Mattarella – Benvenuti!“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img