More

    Премиерот ја упатува опозицијата на Уставот

    spot_img
    Ние сме се изјасниле дека сакаме независна македонска држава која што ќе стане членка на Европската унија. Ако го погледнете и Уставот и нашето уредување и сите стратегии на Владите, тогаш е многу јасно дека го сакаме ова, истакна премиерот Димитар Ковачевски во врска со референдумот кој го предлага опозицијата.
    Тој во денешното интервју за вестите на телевизија Канал 5 оцени дека тезите на опозицијата дека македонскиот јазик нема да биде признаен во Европската унија и оти на тој пат ќе се загуби нашиот идентитет, се неосновани.
    – Првата теза на опозицијата беше дека македонскиот јазик немало да биде признаен во ЕУ,  а потоа се виде дека тоа е чиста манипулација. Зборуваа дека ќе се изгуби идентитетот на македонскиот народ, но потпретседателот на Европската Комисија на самата меѓувладина конференција, јасно кажа дека македонскиот идентитет ќе биде не само заштитен, туку тој ќе биде идентитет кој ќе го надогради и европскиот идентитет односно сѐ она што Европската унија како заедница на различни народи, различни држави го има кај себе. Тоа е целта на проширувањето на ЕУ – зголемување на економските потенцијали, на човечките, на културните, на образовните потенцијали итн. Нашиот народ заслужува да оди напред. Еден таков референдум ќе биде само враќање назад – вели Ковачевски.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img