More

    Првиот светски рекет на женскиот тенис Ига Швјонтек е нова шампионка на Ролан Гарос

    spot_img

    Првиот светски рекет на женскиот тенис Ига Швјонтек е нова шампионка на Ролан Гарос. Таа во денешното финале ја победи 18-годишната Кори Гауф со 2-0, по сетови 6:1 и 6:3 за еден час и осум минути.

    Во професионалниот тенис полската тенисерка победи на 16 од 17 финалиња. Единствен пораз за неа е дебитантското финале на ВТА турнирот во Лугано во 2019 година од Полона Дуке (3:6, 6:3, 3:6).

    Дваесет и едногодишната Швјонтек стана десеттата жена во Опен ерата која повеќе од еднаш го освоила парискиот Грен слем (прв трофеј 2020 година). Од нив само Моника Селеш, Штефи Граф и Крис Еверт беа помлади во моментот на втората победа.

    Покрај тоа, таа е петтата прва носителка која победила во Париз во последните 25 години.

    Наградниот фонд на Грен слемот Ролан Гарос годинава изнесува 43,6 милиони евра.

    Швјонтек ја освои шестата титула во низа (Доха, Индијан Велс, Мајами, Штутгарт, Рим). Серијата од 35 победи за Пољачката е седма најдолга во историјата на женскиот тенис.

    Таа се израмни со Венус Вилијамс, а пред неа се Селеш (36), Мартина Хингис (37), Еверт (55), Маргарет Корт (57), Граф (66) и Мартина Навратилова (74).

    Во понеделник, предноста на Швјонтек пред светската тенисерка број 2, Анет Контавеит ќе биде над 4.000 поени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img