More

    Постапка во Уставен суд која ја поведе жител на општина Центар во Скопје, во врска со спорниот дел од ДУП-от за градот во кој се вклучени атрактивни парцели на Водно, Капиштец, Мало Курино и Цвеќара денеска ја доби својата разврска

    spot_img

    Постапка во Уставен суд која ја поведе жител на општина Центар во Скопје, во врска со спорниот дел од ДУП-от за градот во кој се вклучени атрактивни парцели на Водно, Капиштец, Мало Курино и Цвеќара денеска ја доби својата разврска. Со пет гласа „за“ Уставниот суд одлучи дека ДУП-от донесен во јули 2014 година не бил донесен со потребното мнозинство и со тоа тој е ништовен.

    По оваа одлука на Уставен, општината повеќе нема да може да издава нови одобренија за градба, но како што информираше портпаролката на Уставен Христина Беловска, дозволите кои што се веќе издадени остануваат во сила.

    Се работи за градската четврт Ј07. Подносител на постапката бил Томе Симоновски, граѓанин од Скопје.

    Укинатиот ДУП кој бил донесен во 2014 година со само 11 гласа и 12 присутни, што е помалку од 23 потребни совеници во општината овозможувал дел од шумата на Водно да се пренамени во градежно земјиште. Претходно, многу граѓани од населбата кај Водњанска реагираа дека не само што за секоја празна локација биле предвидена градба, туку и дека многу парцели биле спојувани за на нив да можат да никнат станбени згради.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img