More

    Поранешниот функционер и бизнисмен Драган Даравелски, побегнат во Белград, а потоа осуден во отсуство, денеска е уапсен на граничен премин „Табановце“ и однесен е во затворот Идризово

    spot_img

    Поранешниот функционер и бизнисмен Драган Даравелски, побегнат во Белград, а потоа осуден во отсуство, денеска е уапсен на граничен премин „Табановце“ и однесен е во затворот Идризово, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР) за Плусинфо.

    – Денеска (10.01.2023) на ГП Табановце е приведен Д.Д. , кој се бараше со меѓународна потерница, и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа – информираше полицијата и најави повеќе детали во текот на денот.

    Инаку, Драган Даравелски е поранешниот директор на Царинската управа кој во 2007 година беше осуден во отсуство на 7 години затвор, и кој беше баран со потерница на Интерпол.
    Во 2016 година беше уапсен во Белград, но не беше екстрадиран, а и до ден денешен не се случи неговата екстрадиција.

    Тој се товареше дека ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа.

    Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img