More

    Популарниот пејач е осуден за сексуална злоупотреба на девојки

    spot_img

    Американскиот музичар Роберт Силвестер Кели или Ар Кели (55) е прогласен за виновен за низа сексуални престапи, меѓу кои и години на водење на „систем“ на сексуална експлоатација на млади жени и деца, односно сексуална трговија и изневерување.

    Пејачот речиси две децении се соочува со обвинувања од жртвите, но тој постојано ги негираше сите. Случаите беа сфатени многу посериозно откако жртвите зборуваа за тоа во интервјуа на телевизија, пишува Би-Би-Си.

    Засега тој помина три години зад решетки, а по судската одлука го чекаат уште 30 години.

    Девет жени и двајца мажи почнаа да го опишуваат сексуалното понижување и насилството што им го нанел пејачот.

    – Ме понижи, ме понижи и ми ја скрши душата – рекла една од жените.

    Жртвата се присетила на инцидентот кога била принудена на орален секс со музичката ѕвезда во автомобил полн со негови пријатели.

    – Се сеќаваш ли на тоа?! – рече таа и додаде:

    „Не ти беше гајле. Го избегнував твоето име и твоите песни и се гушев од страв. Тоа што го направи остави трајна дамка во мојот живот“.

    Жртвата за момент престанала да зборува кога го видела Кели како разговара со еден од неговите адвокати и саркастично се извинила:

    „Извини, не сакам да ти го прекинувам разговорот. Ти си насилник, бесрамен. Се надевам дека ќе одиш во затвор до крајот на животот“.

    Ар Кели е обвинет и за искористување на славата и богатството за да намами жртви. Тој им ветил дека ќе им помогне во нивната музичка кариера.

    Неколку жртви сведочеа дека биле малолетни кога тој сексуално ги злоставувал.

    Американскиот музичар е еден од најистакнатите мажи на кои им е судено за сексуални престапи во рамките на движењето #MeToo.

    Еден сведок, односно жена која сакала да го интервјуира за радио станица, изјавила дека била затворена два дена, без храна и вода, а потоа ја нападнал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img