More

    Полиците во маркетите во Австрија стануваат сѐ попразни

    spot_img

    Продавниците во Австрија бележат сè поголем недостиг, во супермаркетите има сѐ повеќе празни полици, а причина за тоа е украинската криза и санкциите кон Русија, пишуваат германските медиуми.

    Во некои супермаркети недостасуваат многу производи, а особено е тешко да се најде сончогледово масло.

    Причина за недостигот е фактот што три четвртини од таа храна доаѓа од Русија и Украина. Се заканува и недостиг на путер.

    Ваква е состојбата во големите трговски синџири, дисконтите, но и во помалите продавници.

    Ситуацијата во Украина предизвика криза која сериозно влијаеше на испораките до австриските продавници. Недостигот на многу производи беше предизвикан од проблем во синџирот на снабдување, односно недостигот на испораки. Забележано е дека граѓаните купуваат роба на големо.

    Минатата година Австрија од Украина увезла околу 19.484 тони маслодајни семиња. Исто така, маслото од репка е сѐ побарано, па се потешко може да се најде.
    Последица на овој недостиг е зголемување на цената на нафтата во Австрија за околу 13 отсто.

    Земјоделците и млекарите се соочуваат со драматично поскапување на енергенсите, храната и ѓубривата, што доведува до повисоки цени на земјоделските производи. Тема на голема побарувачка станаа и увезените лименки.

    Исто така, одредени видови брашно и тестенини не можат да се најдат во многу продавници.

    Исто така, одредени сувомеснати производи во моментов се доставуваат до продавниците само во мали количини.

    Претседателот на Здружението на трговци Рајнер Вил предупредува дека следната криза во снабдувањето ќе следи за три до четири месеци.

    Покрај украинската криза, за недостигот е виновно и пандемичното затворање на Шангај, каде стотици товарни бродови чекаат да испловат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img