More

    Политиката на Стево Пендаровски е блиска до онаа на Владимир Путин

    spot_img

    Бугарскиот историчар Спас Ташев, во интервјуто дадено за бугарската телевизија (БТВ), посочи дека Бугарите во Македонија се предмет на системска дебугаризација. Според него, сите други земји ги поддржуваат своите малцинства во Македонија, а само Бугарија стои настрана и како што вели, остава настаните сами да се развиваат.

    – Последната акција во Битола беше добро организирана. Се чини дека е однапред промислено, но кога имаме контролирана состојба е нормално да провоцираат на вакви настани – додаде Ташев за плакатите кои беа изложени во Битола

    Тој додаде дека политиката на Стево Пендаровски е блиска до онаа на Владимир Путин.

    – Ова ги покажува овие топли врски меѓу Москва и Скопје – рече Ташев.

    Според него, без Скопје да се реформира во европски правец, како што вели, сличен скандал како оној во Битола сериозно би одекнал во Европската Унија.

    Шефот на државата рече дека отворањето културни центри насекаде во демократскиот свет е чекор кон зближување на народите и нивните култури, но именувањето на установи од областа на културата според докажан соработник на фашистичкиот режим од Втората светска војна не и служи на таа благородна кауза.

    – За жал, во Битола беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави. Сигурен сум дека ниту македонскиот, ниту бугарскиот народ сметаат дека ликот и (не)делото на Ванчо Михајлов можат да придонесат во таа насока – вели Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img