More

    Пожарите продолжуваат да се шират во југозападниот дел на Франција, па горат огромни површини

    spot_img

    Пожарите продолжуваат да се шират во југозападниот дел на Франција, па горат огромни површини
    Шумските пожари во саботата се проширија во југозападна Франција на речиси 10.000 хектари во провинцијата Жиронд, додека во петокот беа 7.300 хектари.

    Повеќе од 12.200 луѓе беа евакуирани од областа до саботата наутро, а повеќе од илјада пожарникари се обидуваа да ги локализираат пожарите, се вели во соопштението на властите на провинциите Нова Аквитанија и Жиронд.„Со оглед на временските услови и високите ризици од појава на пожари, властите привремено го оневозможија пристапот до шумските површини за професионални и рекреативни активности“, се вели во соопштението.

    Шумски пожари ја погодија Франција, како и други европски земји како Португалија и Шпанија, во последните неколку недели по порастот на температурите. Пожарите околу градот Тест-де-Буч во провинцијата Жиронд се стабилизираа откако зафатија повеќе од 3.000 хектари од почетокот на кризата.

    Во блискиот град Ландирас, каде што изгореа 6.500 хектари, а 2.200 луѓе беа евакуирани, пожарите продолжија да се шират во текот на ноќта, предизвикани од силните ветрови на југозапад.

    „Имаме пожар што ќе продолжи да се шири“, рече Винсет Фериер, заменик-префект на Лангон во провинцијата Жиронд, за време на прес-конференцијата во саботата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img