More

    Пожарите во Словенија се уште се активни, се огласија сирените за евакуација

    spot_img

    Состојбата на карстот во Словенија е крајно сериозна петти ден по ред, соопшти Цивилната заштита за Северна Приморска. Оттаму додаваат дека моментално се активни три пожари, сите од подрачјето од претходните денови.

    Пожарникарите се најзагрижени за пожарот во Кларича, селце на работ на карстот во близина на италијанската граница, пишува N1 Словенија.

    На терен има повеќе од илјада пожарникари од шест региони (Горење, Целје, Нотрање, Савиње, Обално-Крашка и Сјеверно Приморско). На готовност се и спасувачите и членовите на екипата на Брзата помош.

    Ним им помагаат и словенечки армиски и полициски хеликоптери и три хеликоптери од странство (Австрија, Словачка и Хрватска).

    Во гаснењето на пожарот помага и товарниот авион Пилатус ПЦ 6 на словенечката армија.

    Сирените за евакуација се огласија во три села во регионот на Крас; во Темница, Војшчица и Роман. Место за собир на граѓаните од тие краишта е гимназијата во Комно, соопштија од цивилната заштита.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img