More

    Погба направи неочекуван потег за настап на Светското првенство

    spot_img

    Францускиот фудбалер Пол Погба одлучи да не оди на операција на коленото и ќе се потпре на одмор и рехабилитација за да се подготви за настап со француската репрезентација на Светското првенство во Катар на крајот на годината.

    Играчот од средниот ред на Јувентус го повреди менискусот за време на еден од неговите први тренинзи со својот нов клуб на крајот на минатиот месец додека тие беа на турнеја во Лос Анџелес.

    Доколку би се оперирал на коленото, сигурно би го пропуштил Светското првенство во Катар од 21 ноември до 18 декември, па Погба, кој досега одигра 91 натпревар за француската репрезентација, се одлучи на „конзервативна терапија“.

    Tuttosport пренесува дека таквиот режим се состои од три недели вежбање во теретана и на базен, проследено со две индивидуални сесии. Доколку се биде во ред, Погба навреме ќе се врати на теренот за да се подготви за Светското првенство каде Франција на 22 ноември ќе го одигра првиот натпревар против Австралија.

    Францускиот спортски весник „Л’Екип“ пишува дека Јувентус не е задоволен од одлуката на францускиот фудбалер да оди на „конзервативна терапија“ бидејќи сакале тој да се оперира, да го пропушти СП и да биде подготвен за вториот дел од сезоната.

    Погба летово се врати во Јувентус откако мина неколку сезони во Манчестер Јунајтед.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img