More

    Повредени се човековите права во постапката за „Поштенска банка“

    spot_img

    Петтата апликација поднесена од Томе Главчев, сопственик на „НОЕЛ“ Гевгелија, во врска со предметот „Поштенска банка“, пред Европскиот суд за човекови права, исто како и претходните четири, е прифатена, односно успешно ја помина првата прелиминарна фаза на испитување на допуштеност, соопшти адвокатот Петро Јанура.

    – Предметот е регистриран и проследен на понатамошно постапување. Последната апликација беше поднесена во врска со поднесувањето на обвинителниот акт за предметот Поштенска Банка. Со оглед на фактот што пред поднесувањето на обвинителниот акт, како и во постапката по приговор на истиот се случија еден цел сублимат контрадикторности и недоследности, одлучивме веднаш по Решението на судот за одобрување на обвинителниот акт со кое не се прифатија нашите приговори, да поднесеме апликација до Европскиот суд за човекови права. Во постапката по приговор на обвинителен акт, беа истакнати многу сериозни приговори во однос на прашањето за неовластен тужител, постоењето правни пречки за поднесување на обвинителниот акт, забрана за повторно судење, пречекорување на законски рокови, отсуство на докази и битни елементи на кривичните дела кои се ставаат на товар, како и на целосно погрешна теорија на случај на обвинителството. За жал, на премногу сериозните приговори не добивме соодветни образложенија од Кривичниот суд. Нашата позиција е дека овој случај требаше да заврши уште во фаза на приговор на обвинителен акт. Повредите на Европската конвенција за човекови права се евидентни и се вршат во континуитет. За жал, кривичната постапка продолжи, а со тоа се продолжи и со повредите на човековите права, што оди на штета на правната сигурност и владението на правото – вели Јанура.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img