More

    Плански се зголемува производството на стратешки земјоделски производи

    spot_img

    Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Собранието, соопшти дека Владата ги обезбеди основните прехранбени производи, но и за прв пат една Влада, после многу години, се фокусира на домашно производство на стратешките земјоделски производи, со цел намалување на увозната зависност од храна.

    – Во државата беше воведен концепт на субвенционирање со којшто годишно се инвестираа кај земјоделците и по 8-9 милијарди денари, но производството на храна 15 години се намалува и тоа во стратешките култури. Порастот на цените на овие стратешки култури на светските берзи, како резултат на војната, на вештачките ѓубрива за 300 проценти, со оглед дека нивното производство е најголемо во завојуваните земји, ја исправи Владата пред одговорност да обезбеди, прво, непречено снабдување со храна, со основни продукти и второ, максимално да го зголеми производството на храна во државата. За таа цел донесен е план за производство на храна со Интервентен фонд, 400 милиони денари годишно за земјоделците при набавка на ѓубриво, со цел започнување на производството со намалени трошоци и дополнителни субвенции за остварен принос со цел зголемено домашно производство – посочи премиерот Ковачевски.

    Тој објасни и како ќе се обезбеди поголемо домашно производство на стратешките култури.

    – Преку посебен Национален план за поддршка на производството на храна, ќе го зголемуваме производството на стратешките земјоделски култури. Тој содржи мерки, со цел да имаме одржливо и зголемено производство на стратешки земјоделски производи и полјоделски култури и коишто ќе бидат доставувани и одобрувани од страна на Владата. Во рамките на овој План од 400 милиони денари, што до крајот на година ќе изнесува 600 милиони денари, за секој еден хектар пченица земјоделците ќе добијат 4.000 денари за вештачко ѓубриво и ако остварат принос од 4.000 килограми по хектар, добиваат дополнителна субвенција добиваат 5.700 денари. Кај сончогледот добиваат 2.500 денари по хектар за вештачко ѓубриво и 5.700 денари дополнителна субвенција, доколку остварат принос од 1.5 тони по хектар и истиот го предадат во преработувачките капацитети. Ова ги мотивира земјоделците да произведуваат, но и да остваруваат повисоки приноси. Со тоа ќе ја намалиме увозната зависност на државата од пченица – порача премиерот Ковачевски.

    Во делот на сточарството, тој рече дека е обезбедена интервентна субвенција од 400 денари по грло за предадено јагне во регистрирани кланични капацитет и интервентна субвенција од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми, а се воведува и нова интервентна субвенција од 60 денари за производство конзумни јајца. Националниот план за производство на храна, како што објасни премиерот, содржи и зголемување на површините за производство на стратешки култури.

    – За таа цел секоја педа обработливо земјиште ќе ја ставиме во функција на земјоделско производство на стратешки култури и за тоа во тек е наменски јавен оглас за доделување на скоро 6.000 хектари за зголемување на производството на житни култури – додаде премиерот Ковачевски.

    Тој рече дека и во останатите области на земјоделството исто така се обезбедени финансиски средства: за набавка на високо педигриран добиток, над 253 милиони денари; изградба на нов затворен систем за наводнување на Селска река Конопница; исплата на субвенции за продадено млеко; субвенции за полјоделците; ИПАРД 3 програмата, при што 60 проценти поголем износ е од ИПАРД 2 програмата (35 милиони евра со првиот јавен повик од ИПАРД оваа година) можност за нови инвестиции, предкофинасирање на инвестиции од 30 проценти до 50 проценти; објавен е и огласот за капитални субвенции за развој на плански региони од областа на земјоделството и рурален развој: веќе се склучени 110 договори од јавен повик од ИПАРД; исплатени се субвенции за лозарите во вредност од 9.4 милиони евра; објавен е јавен повик за неповратна финансиска поддршка од Програмата за фиксирање на микро земјоделски производители на вино во износ од 600.000.000 денари.

    Премиерот Ковачевски упати апел до пратениците во Парламентот да придонесат, тутунарите побрзо да ги добијат субвенциите.

    – Во однос на тутунот, обработката на тутунот е во завршна фаза, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се финализираат калкулациите, износот е некаде над една милијарда денари и сѐ е подготвено за исплатата, освен што во Собранието треба да се направи една измена на Законот за земјоделство и рурален развој, којашто измена е заглавена во втор читање – измената се прави секоја година, со цел да се избрише обврската да поднесуваат земјоделците потврда за платен ДДВ во УЈП. Ги замолувам пратениците што побрзо да ја завршат оваа законска измена за да започне исплатата на субвенциите за тутунарите – повика премиерот Ковачевски на седницата за пратенички прашања во Собранието на Република Северна Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img