More

    Пецаков: Нова фекална канализација во Лескоец, продолжува трета фаза од изградбата на булеварот „Македонски Просветители“, а во наредниот период ќе отпочне реализација и на останатите проекти во Охрид

    spot_img

    Почитувани,

    Во текот на денешниот ден ќе презентираме и ќе посетиме неколку локации каде што се одвиваат градежни активности.

    Првата веќе ја поминавме се работи за дел од селото Лескоец каде што околу 40 семејства ќе имаат можност да бидат приклучени на фекална канализација, а  со тоа ќе го решиме нивниот децениски проблем.

    Ова е втората локација која што заедно како улица „Момчило Јорданоски“, и трите краци од Даме Груев заедно со паркингот од населбата Даме Груев се проект кој што е кофинансиран од општина Охрид заедно  со Бирото за регионален развој, односно Југозападниот Плански регион.

    Третиот проект, ќе го посетиме булеварот „Македонски Просветители“ каде што како локална самоуправа ја започнавме третата фаза. Тој дел кој што дополнително го правиме е финансиран лично од општина Охрид со дополнителни средства, настрана од проектот кој што беше предвиден и за тој проект рокот за завршување е први јуни и од Светска Банка е проектот.

    Наредната локација која што ќе ја посетиме веќе завршивме со она што требаше да претставува наново поставување на коцките кои што беа во дворот на Црквата Перивлепта, а тековно уште четири улици во старото градско подрачје ги решивме, и заедно со потпорен ѕид кај Црквата Челница во стариот дел на градот. И како завршен проект, односно завршена активност од општина Охрид исто така финансиран од општина Охрид ќе ја презентираме во текот на денешниот ден.

    При крај е и економското училиште, или она кое што го добивме по однос на енергетски ефикасни фасади секако реновирање на кров и менување на електрична инсталација.

    Така да плоден ден, почеток на неколку и финиширање на исто так неколку проекти кои што ги започнавме изминатиот период. Тековно ќе следат дополнителни активности и проекти за кои што ќе бидете информирани.

    И секако дека оваа година, генерално кога ќе земеме од самиот почеток на годината до крај, ќе измине со сериозно добри проекти за кои што долг период одредени граѓани имале проблем, а сега ние го решаваме нивниот проблем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img