More

    Петмина загинати во експлозија на пазар во Ерменија

    spot_img

    Пет лица загинаа во експлозија чија причина се уште не е позната во неделата во Ереван, главниот град на Ерменија, соопшти во понеделникот Министерството за вонредни ситуации на кавкаската земја.

    Жртвите се еден маж и четири жени, прецизира Министерството во соопштението, нагласувајќи дека потрагата и спасувањето траела цела ноќ.

    Според Министерството, повеќе од 60 лица се повредени во експлозијата, а 19 се сметаат за исчезнати.

    Генералното обвинителство во текот на ноќта во понеделникот објави дека отвора истрага за „повреда на правилата за складирање на запаливи производи“ и „прекршување на правилата за заштита од пожари“ што довела до смрт на неколку лица поради „негрижа“.

    Засега не е позната причината за експлозијата што се случи во областа околу големопродажниот пазар Сурмалу. Ова место традиционално привлекува голем број луѓе во недела.

    Дел од медиумите, повикувајќи се на сведоци, објавија дека експлозијата се случила на местото каде што се чуваат пиротехнички средства.

    Експлозијата предизвика уривање на зграда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img