More

    Петков е подготвен за малцинска влада

    spot_img

    Бугарскиот премиер Кирил Петков категорично одби да се потчини на уцените на Слави Трифонов, лидер на коалициската партија „Има таков народ“.

    Половина час откако шоуменот Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете“.

    – Подготвени сме за малцинска влада, но нема да потрошиме ниту лев без надзор – истакна копретседателот на партијата „Продолжуваме со промените“ и премиер на Бугарија, Кирил Петков на прес-конференција.

    Претходно, Трифонов најави повлекување на министрите од таа партија кои се во владата поради две причини.

    – Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е местото во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата. Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме сопромената“ нѐ водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи – додаде Трифонов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img