More

    Пендаровски вели дека статистичката операција ги запазува највисоките стандарди на ЕУ

    spot_img

    Самиот факт што имаме попис после цели 20 години е успех сам по себе. Направивме попис со сите нишани, кој не отстапува од традицијата на направени пописи што ја имавме и ние и регионот и континентална Европа, во изминатите неколку децении. Не станува збор за попис најдобар во историјата на Европа, туку станува збор за попис кој ги запазува највисоките стандарди за попишување што ги има ЕУ, изјави денеска во Прилеп претседателот на државата Стево Пендаровски.

    Оваа оценка, Пендаровски ја базира не само од она што го слушнал на вчерашната презентација на резултатите, туку и од коментарите дадени од експертот ангажиран од страна на ЕУ.

    По барање на новинарите за коментар околу „оние седум проценти, кои предизвикаа најмногу контроверзи“, Пендаровски посочи дека секогаш има контроверзи, особено кај нас на балканскиот регион, каде сме измешани и во религиозна и од политичка смисла. Тој наведе дека она што го знае од разговорите со неколку експерти, не постои попис воопшто во Европа и пошироко, кој нема одредена бројка на лица кои не се опфатени со пописот.

    – Кај нас значаен дел, тие седум и колку проценти кои не се опфатени, за жал се резултат на бојкотот на политички субјекти. Очигледно е дека тоа имаше ефект во одредени делови од државата. Се разбира дека не треба да се исклучи како дополнителен фактор за тој процент и пандемијата – изјави шефот на државата Пендаровски, по обраќањето на конференција на тема „Дигитализација“, во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.

    Пендаровски се осврна и на тоа дека постоеја и попишувачи кои беа со специфична опрема, со сите протоколи, а дел од нив работеа и подоцна во тој временски период и надвор и не влегуваа во куќите и становите на граѓаните.

    – Но, претпоставувам дека и првиот момент повикот на бојкот кој беше експлицитен од страна на некои парламентарни партии и целата ситуација околу ковидот, придонесе дел од граѓаните да не ги отворат вратите од своите домови – изјави шефот на државата.

    На новинарско прашање за предлозите за амбасадори објавени во некои медиуми, претседателот Пендаровски одговори дека станува збор за предлози од Владата, а тие предлози споменати од медиумите во текот на вчерашниот ден, како што рече, се уште не се пристигнати до него за да може да ги коментира.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img