More

    Партнерот на Ријана, A $ AP Rocky, е уапсен

    spot_img

    Раперот А $ АП Роки е уапсен на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во врска со пукањето во ноември.

    33-годишникот е уапсен во приватен авион откако пристигнал од Барбадос, каде бил на одмор со својата бремена девојка Ријана, пишува порталот People, а обвинет е за напад со смртоносно огнено оружје. Неговиот портпарол се уште не коментирал.

    Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, беше под истрага од ЛАПД за пукањето на 6 ноември во Холивуд каде што жртвата, познаник, преживеа, велејќи дека раперот пукал во него по кавга. Оштетената кажала и дека инцидентот се случил околу 22.15 часот, а подоцна побарал лекарска помош поради полесна повреда. Полицијата на ЛАПД соопшти дека Роки и двајца мажи избегале пеш по пукањето. Според полицијата, случајот ќе биде доставен до Окружното обвинителство во Лос Анџелес.

    Роки и Ријана во јануари објавија дека го чекаат своето прво заедничко дете, а неодамна беа фотографирани на одмор во нејзиниот роден Барбадос.

    Дали ѕвездата ќе мора да оди во затвор пред раѓањето на своето прво дете?

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img