More

    Парис Хилтон и нејзиниот сопруг се израдуваа на раѓањето на синот

    spot_img

    Ѕвездата на реалното шоу и нејзиниот сопруг Картер Реум ја објавија радосната вест преку социјалната мрежа Инстаграм.

    Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум беа пресреќни поради раѓањето на момчето кое на свет дојде со помош на сурогат мајка. Тие објавија симпатична фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, а покрај неа напишаа: „Ти си сакан повеќе отколку што може да се опише“.

    Подоцна, Парис ја потврди веста за магазинот People и рече дека отсекогаш сакала да стане мајка, тоа бил нејзиниот сон. „Мило ми е што Картер и јас се најдовме. Возбудени сме што основавме семејство. Нашите срца се полни со љубовта што ја чувствуваме кон нашето момче“, додаде таа. Парот засега не и откри на јавноста какво име избрале за својот син.

    Парис и Картер се пар четири години. Тие почнаа да се забавуваат во 2019 година, а една година подоцна се верија. Во 2021 година, тие се венчаа во кругот на семејството и пријателите. Картер има 11-годишна ќерка од претходната врска, на која Парис преку брак и стана маќеа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img