More

    ОХРИД ДОМАЌИН НА 7. КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЛЕКАРИТЕ ОД ОПШТА И СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

    spot_img

    Градоначалникот Кирил Пецаков вчеравечер имаше свое обраќање на свеченото отворање на 7-та Конференција на лекарите од општа и семејна медицина на Југоисточна Европа, која до 19-ти јуни ќе се одржува во Охрид .

    – Овој академски собир е еден од најголемите во областа на општата и семејната медицина во Југоисточна Европа и затоа верувам дека од него ќе произлезат значајни податоци и научни заклучоци, кои ќе дадат нов импулс во третманот и негата на пациентите во примарното здравство.

    Пандемијата со Ковид-19 ни ја покажа клучната улога на општите и семејните лекари во целокупниот здравствен систем. Тие беа постојано на располагање, не советуваа, се грижеа за нашето здравје и имаа значајна позиција во лекувањето и третманот на заболените од овој нов вирус. Поради нивниот хуман и посветен ангажман, оваа можност ја користам, на сите општи и семејни лекари да им упатам најголемо призанание и искрена благодарност.

    Но освен во медицинскиот третман, важноста на докторите од општа и семејна пракса е неприкосновена и во делот на заштитата од најразлични хронични болести. Тие се наметнуваат како најверодостоен извор за информации и се појдовна точка за сеопфатна здравствена заштита и за поединецот и за семејството.

    Здравите граѓани се најголемото богатство што секоја земја може да го има, ова го кажал познатиот политички лидер Винстон Черчил, па токму затоа е потребно сите државни системи да се насочат кон креирање на современи здравствени политики во делот на примарното здравство, кои ќе обезбедат подобри услови за работа на општите и семејните лекари и ќе овозможат подобра заштита на здравјето на населението.

    Се надевам дека преку заедничка заложба и размена на искуства, ќе се избориме, сите граѓани да добијат квалитетна и навремена примарна здравствена заштита, а медицинскиoт кадар, достоинствени услови за работа.

    Почитувани, Охрид е највредниот македонски бисер, кој е надалеку познат по својата убавина. Никој не може да остане рамнодушен на уникатната природа и непроценливото културно богатствокое е препознаено како светско наследство заштитено од УНЕСКО. Затоа Ве поканувам, Вашиот престој тука да го искористите и да посетите дел од нашите вредни културни знаменитости и да понесете незаборавни спомени, рече градоначалникот Пецаков во своето обраќање.

    Мотото на годинешната конференција е “Општата/семејна медицина во состав на здравствената грижа“ и на нea ќе замат учество предавачи, професори и доктори од праксата од различни земји на ЈИЕ и пошироко. Конференцијата ќе овозможи размена на искуства и идеи од областа на општата/семејна медицина, нејзината улога во здравствениот систем, особено во решавањето на пандемијата со Ковид – 19.

    Организатор на конференцијата е Асоцијацијата по општа/семејна медицина на Југоисточна Евбропа (А ОМ/СМ ЈИЕ и македонското Здружение по општа/семејна медицина.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img