Руската армија напредува кон две места во областа Запорожје на југот на Украина, изјави лидерот на регионалните власти назначен од Москва Владимир Рогов.Фронтот се движи особено во два правци – Орихива и Хуљајпоље, изјави Рогов за руската агенција Риа Новости.
Овие два града, секој со околу 15.000 жители пред војната, се наоѓаат на 65 и 100 километри југоисточно од Запорожје, главниот град на истоимениот регион под контрола на украинските сили.
„Иницијативата е во наши раце“, рече Рогов и додаде дека борбите се во тек во овие области.
Украинската армија соопшти дека вчера „повеќе од 15 локалитети биле цел на руската артилерија“ во регионот на Запорожје.