More

    Отворен Балкан најголем проект за економска интеграција на регионот

    spot_img

    Прв пат во својата едно вековна традиција на постоење Стопанската комора доделува награда за личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција, изразувајќи на тој начин длабока почит кон креирањето на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.

    Досега имало повеќе иницијативи за натамошен регионален развој на овие простори, но завршиле неуспешно. Сите тие се надворешни иницијативи. Отворен Балкан е концепт кој е подржан токму од внатре, од политичките лидери во земјите кои се дел од процесот, но уште повеќе од компаниите кои имаат нужна потреба за поблиска соработка, поврзување, заеднички настап на трети пазари, како интра-регионален процес од кој економски бенефит ќе има целиот регион.

    – Искрените заложби на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерот на Република Албанија Еди Рама, поранешниот премиер на Република Северна Македонија со мандат 2017 – 2021 година Зоран Заев, актуелниот премиер  Димитар Ковачевски кој ги продолжи заложбите за натамошно развивање и креирање на Иницијативата за единствен пазар преку создавање економска зона која дополнително ќе ги подобри политичките и економските односи и ќе ги зајакне врските меѓу народите и бизнисите, е препознаена и наградена од Стопанската комора и заслужува највисока почит – велат од Комората.

    Во таа чест, врз основа на член 25 од Статутот на Стопанската комора на Северна Македонија и Одлука за определување на награди што ќе бидат доделени по повод 100 годишнината од постоењето на СКСМ од 28.02.2022 година, Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија, на седницата одржана на 19.05.2022 година  донесе: Одлука за доделување на Награда на Стопанската комора  за личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција на Александар Вучиќ, претседател на Република Србија; Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија; Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија (2017-2021) и  Димитар Ковачевски, претседател на Владата.

    Наградата се доделува за особен придонес кон креирањето и продолжувањето на регионалната иницијатива насловена како „Отворен Балкан“, која има за цел да го промовира и да го развива капацитетот на регионот, преку имплементирање на четирите слободи (слобода за движење на луѓето, стоките, услугите и капиталот).

    Наградата опфаќа Голема плакета во чест на одбележување на 100 години од формирањето на Стопанската комора

    Господинот Александар Вучиќ, претседател на Република Србија по втор пат добива високо признание од Комората. Тој е човекот кој на 29 јули 2021 година доби награда од Стопанската комора на Северна Македонија за помошта што ни ја пружи кога ни беше најпотребна за вакцинацијата на бизнис заедницата не само кај нас туку и во регионот. Господинот Вучиќ е претседател кој не само што на зборови туку и на дела ги реализира регионалните проекти како основ за подобар бизнис амбиент во целиот регион. Да изградиш автопат кон Македонија, да модернизираш пруга кон Македонија, да градиш автопат за Црна Гора и уште два за Босна и Херцеговина и уште еден за Бугарија е пример без преседан на балканските простори и пример кој мора да биде награден.

    Премиерот на Република Албанија Еди Рама, е човекот кој е најголемо изненадување во бизнис круговите. По вокација уметник, по разбирање на бизнисот достоен имплементатор на бизнис логиката и уште регионален лидер е исто така дело за респект и почит.

    Изградбата на инфраструктурни објекти (автопатишта, централи, хотелски капацитети, ланци на маркети), може да се нарече само уметност на бизнисот кој господинот Рама добро знае дека е единствено врзно ткиво на Балканот и гаранција за нов напредок.

    Зоран Заев во својот мандат како претседател на Владата на Република Северна Македонија покренувајќи процеси од големо значење за нашата држава совршено добро разбра дека македонската економија без регионална димензија нема шанси за успех. Со тоа ги отвори видиците на нашите компании надвор од границите на државата, а пред се во соседните земји и остави аманет до сите нас, тој пристап да продолжи и понатака нормално водејќи сметка и за интересите на сопствената држава. Тоа негово дело го продолжува и актуелниот премиер Димитар Ковачевски, кој совршено ја продолжи регионалната иницијатива како голема шанса за нашата мала земја и со тоа уште еднаш се потврди тезата дека двајца бизнисмени на чело на Владата едноподруго е ретка но значајна работа.

    Бидејќи наградите не се само признание, тие се и поттик, ние како бизнисмени ги поттикнуваме да продолжат како досега затоа што бизнисот е тоа што води напред, се друго останува на историјата

    Стопанската комора е најголемата и најмоќна бизнис асоцијација во државата. Капацитетот и потенцијалот на Комората се огромни. Во своите редови ги има 10-те најпрофитабилни компании, 10-те најголеми извозници, 10-те најголеми производители и 10-те најуспешни бизнисмени. Коморите во светот опстанале 400 години, Стопанската комора – 100 години и тоа е најголема потврда за традицијата, моќта, визијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img