More

    Османи се пофали дека донирал ученички ранци и печки, а Требиште ќе добие и булдожер

    spot_img

    По остварената посета на министерот за надворешни работи Бујар Османи на Пустец и Голо брдо, на крајот на август, како и по заклучоците на Владата на Република Северна Македонија кои уследија како директен резултат на посетата, соопштено е дека денеска беше упатен првиот дел од помошта за Македонците во Албанија.

    Станува збор за ученички ранци, училиштен прибор за повеќе од 130 ученици и печки на дрва, донација на Министерството за образование и наука, за училиштата каде има настава за припадници на македонското национално малцинство.

    – Посебно сум задоволен што денеска успеавме да реализираме прв дел од помошта за Македонците од Албанија, за која лично се заложив при мојата посета на Требиште и Пустец, каде имав средба со македонските здруженија од Албанија – изјави Османи и додаде дека согласно барање на жителите на Требиште, обезбеден е и булдожер за чистење на снег, кој ќе биде доставен за кратко време – се вели во соопштението од МНР.
    Османи се заблагодари на Министерството за образование и наука и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за обезбедената донација и нагласи дека Северна Македонија ќе продолжи со обезбедување на поддршка за припадниците на македонското национално малцинство во Албанија, како преку конкретна помош како денешната, така и преку поширока институционална поддршка за заштита и промоција на нивните јазични и културни особености во Албанија.

    Инаку, познато е дека Република Бугарија веќе подолго време помошта што ѝ ја пружа на Албанија преку нејзините фондови и преку фондовите на Европската Унија, се насочува во областите кадешто живеат Македонците, а проектите ги претставува како помош за „бугарското малцинство“ во Албанија. Општините и селата кадешто живеат Македонци се именуваат како „бугарски села и општини во Албанија“.

    Лани бугарска невладина организација за општината Пустец, во која живеат само Македонци, донираше санитетско возило. Истовремено, тогаш новиот бугарски премиер Кирил Петков официјално изјави дека на територијата на Бугарија нема македонско малцинство и дека за тоа прашање нема да има никаква дискусија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img