More

    Османи не сака да ги игра игрите на бугарскиот европратеник

    spot_img

    Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски нема да биде прогласен за персона нон грата и покрај дилемите во македонското МНР.

    Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска порача дека таква одлука ќе донесе само ако ескалира состојбата, но не објасни за каква ескалација станува збор.
    Османи вели дека нема да му влезе во игрите на Џамбаски, затоа што според него, тоа се игри на маргинален политичар кој собира поени. На прашање до Османи, за најавите дека европратеникот Џамбаски има намера да се појави во Македонија со истите пораки и на 4ти февруари – 151та-годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, тој одговори

    – Дали јас влегувам во неговата приказна, да му дадам тежина, да му го спомнам името, па уште да го прогласам персона нон грата, па тој со таа персона нон грата да прави кампања. Не можам да кажам дали 100 посто сме во право со таа одлука да не му влеземе во неговата приказна. И јас, дадов во соопштението да се пишува – маргиналниот политичар, а не со име и презиме. Бидејки и ние ова го разговараме во министеството. Предлози има, дајте да го прогласиме персона нон грата – изјави Бујар Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img