More

    Османи вели дека никој не е против рускиот народ, туку против агресивната политика на руската влада

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека никој не е против рускиот народ, туку против агресивната политика на руската влада.

    – Нема народ кој прави агресија, тоа обично е влада која го заврдува својот народ, мора да имаме јасен став околу руската влада. Со поддршката на Украина ја поддржуваме нашата држава, правото секоја држава сама да си ги одбира приоритетите – вели Османи.

    Шефот на дипломатијата смета дека исмејувањето на државни претставници и институции за време на руската агресија во Украина е вид на хибридна закана

    – Кога ги дефиниравме хибридните закани, една од хибридните закани дефиниравме дека е исмејување на институциите. Кога вели МНР напуштете една држава, вие мора да верувате во тоа. Несвесно граѓаните влегуваат во такви инструменти на наштетување на државата, затоа бараме многу внимателност во овој дел – рече Османи.

    Министерот додава дека ваквиот феномен делумно го разбира и дека постојат објективни причини за тоа, меѓу кои и фрустарциите од долгото чекање за започнување преговори со ЕУ.

    – Има одредени објективни елементи како што е чувство на измаменост од ЕУ кое се манифестира како антизападна политика. Тоа е емоција која ја ослабува довербата на граѓаните во институциите. Ние се обидуваме максимално да ги направиме институциите поотпорни и по однос на напад на дигиталната инфраструктура и по однос на овие хибридни закани – рече Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img