More

    Оружје од САД ќе стаса во Украина

    spot_img

    Аеродромот во Днепар денеска двапати беше погоден од ракети, соопшти гувернерот на тој регион во Украина. Според него, целосно е уништен тој аеродром во четвриот по големина град во Украина.

    Украинската команда објави дека руските сили продолжуваат со артилериските напади врз градот Харков и дека ја продолжуваат шестнеделната опсада на Мариупол.

    Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руски ракети лансирани од воздух погодиле украински системи за противвоздушна ракетна одбрана С-300 на две локации.

    Во руското соопштение се наведува и дека крстосувачките проектили лансирани од морето го уништиле штабот на една украинска единица во реонот на Днепар.

    Ниту една од овие изјави на двете страни не можеше да биде потврдена.

    Од друга страна, пак, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен денеска изјави дека САД се посветени на Украина да ѝ го дадат оружјето што ѝ е потребно за да се одбрани од Русија.

    Тој за Си-Ен-Ен изјави дека очекува новоименуваниот руски генерал кој ја надгледува Украина, Александар Дворников, да „оркестрира злосторства и бруталност врз украинските цивили“. Тој посочи дека Кремљ е одговорен за напади врз цивили.

    Саливан изјави дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ќе испрати повеќе оружје во Украина со цел да ја спречи Русија да окупира повеќе територии и да нападне цивили, што Вашингтон го смета за воено злосторство.

    – Ќе го набавиме оружјето што ѝ е потребно на Украина за да им возврати на Русите за да ги спречиме да окупираат повеќе градови и места каде што би извршиле злосторства – посочи Саливен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img