More

    Орбан: Унгарија ги поддржа санкциите на Европската унија против Русија, но нејзината сопствена економија неизбежно ќе биде погодена од нив

    spot_img

    Унгарија ги поддржа санкциите на Европската унија против Русија, но нејзината сопствена економија неизбежно ќе биде погодена од нив, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан за државното радио.

    – Санкциите имаат цена бидејќи тоа е меч со две острици и таа цена ќе ја платиме на краток рок – рече Орбан во интервјуто, додавајќи дека Владата во Будимпешта мора да работи на ублажување на директната штета од мерките против Русија.

    Тој оцени дека првиот удар за унгарската економија е затворањето на Сбербанк во Европа на почетокот на оваа недела, при што многу клиенти, вклучително и компании, загубија пари.

    Народната банка на Унгарија ја одзеде дозволата за работа на Сбербанк откако Европската централна банка нареди затворање на нејзината европска матична компанија.

    Депозитите на клиентите во вредност до 100.000 евра ќе бидат вратени од Националниот фонд за осигурување на депозити.

    Орбан, исто така, рече дека зголемувањето на цените на енергијата ширум Европа ќе поттикне дополнителни инфлациски притисоци што централната банка и владата ќе мора да ги издржат.

    Во врска сп украинските бегалци, тој истакна дека Унгарија може да им понуди сместување и да ги плати трошоците за три месеци, колку што добиваат невработените кои бараат работа во Унгарија.

    – После би морале да се вработат и некако да се вклопат во животот во Унгарија – заклучил Орбан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img