More

    Општините и јавните претпријатија и трговски друштва во државна сопственост и должат на државата изнесуваат 392 милиони евра

    spot_img

    Институциите, општините и јавните претпријатија и трговски друштва во државна сопственост и од почетокот на годинава продолжуваат да трупаат долгови. За период од 3 месеци нивните долгови изнесуваат 392 милиони евра.

    Според податоците на Министерството за финансии најмногу должат општините заедно со нивните јавни претпријатија, дури 136,9 милиони евра. Следат јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост со долг од 134 милиони евра, Јавни здравствени установи должат 85,7 милиони евра. Буџетските корисници од прва линија должат 11,66 милиони евра, а регулаторите близу 26.000 евра.

    Најголем долг од 67,57 милиони евра кај јавните претпријатија има „Железници-транспорт“. По неа е „Железници-инфраструктура“ со долг од 23,34 милиони евра. ЕСМ меѓу државните компании има највисок долг од 16,93 милиони евра.

    Од општините на врвот како должник и натаму е општина Тетово со долг од 13,57 милиони евра само од администрацијата без долгот на јавните претпријатија, потоа општина Охрид со долг од 8,48 милиони евра и општина Гостивар која должи 6,49 милиони евра. Но, должат и другите општини и оние во состав на Град Скопје.

    Државата и нејзините претпријатија и компании најмногу должат на приватен сектор, здруженија на граѓани и други непрофитни организации. Кон нив долгот изнесува 196, 5 милиони евра.

    Неплатените обврски кон јавен сектор изнесуваат 168,7 милиони евра, кон физички лица 1,7 милиони евра а кон странство 24.866 евра.

    Освен што им должат на компаниите за сработеното, државните институции, општините и нивните јавни претпријатија должат и за плати и придонеси на нивните вработени. Овој долг во првиот квартал изнесувал 5,5 милиони евра.

    Дури 40,4 милиони евра е долгот за градежни објекти, а се должи покрај другото и за купени возила за кои се неплатени 1,2 милиони евра и за мебел за кој се должи 19.922 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img