More

    Оливер Вархеји, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел на Твитер ја поздравија денешната одлука на Собранието за заклучоците за францускиот предлог

    spot_img

    Оливер Вархеји, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел на Твитер ја поздравија денешната одлука на Собранието за заклучоците за францускиот предлог.

    Еврокомесарот за проширување, Вархеји напиша дека го поздравува гласањето во Собранието, што на Владата ѝ дава чист мандат за почеток на првата Меѓувладина конференција базирана на францускиот предлог.

    „Се радуваме на отворањето на пристапните преговори во вторник кога ќе се сретнеме во Брисел за првата Меѓувладина конференција“, напиша Вархеји.

    Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен честиташе за одлуката на Собранието и порача дека се овозможени условите за брзо отворање на пристапните преговори.

    „Ова беше историска можност и вие ја искористивте“, пишува Фон дер Лајен.

    Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, порача дека денешното гласање го поплочува патот за одржување на Меѓувладина конференција идната недела.

    „Ова е суштински чекор на земјата и за ЕУ. Нашата иднина е заедничка и ве чекаме со отворени раце“, напиша Мишел на Твитер. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img