More

    Околу 1.700 луѓе се заразени со мајмунски сипаници во Франција

    spot_img

    Околу 1.700 луѓе се заразени со мајмунски сипаници во Франција, изјави министерот за здравство Франсоа Браун.

    Тој изјави дека владата досега отворила околу 100 центри за вакцинација против мајмунски сипаници и повеќе од 6.000 луѓе примиле превентивни вакцини.

    Браун ги повика пациентите кои имаат лезии или други симптоми да се самоизолираат што е можно поскоро и дека кампањата за вакцинација ќе ја насочи кон целните групи кои се сметаат за најранливи.

    – Профилот на пациентите е таков што тие се претежно мажи кои имале сексуални односи со други мажи, но може да се заразат и со контакт со плускавци на пациентот –  рече Браун во интервју за ТВ БФМ.

    Најголем дел од инфекциите се случиле во регионот на Париз.

    Светската здравствена организација во саботата објави дека епидемијата на мајмунски сипаници брзо се шири и е глобална здравствена закана. Досега оваа година има повеќе од 16.000 случаи на мајмунски сипаници во повеќе од 75 земји и пет смртни случаи во Африка.

    Вирусната болест во неодамнешната епидемија се шири главно меѓу мажите кои имаат секс со мажи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img